fbpx

Две години сме во брак, ме нема допрено: Секогаш ми го вели истото!

Секоја нормална двојка сака што е можно почесто да води љубов. Се разбира, не секогаш работите се такви какви што си ги замислуваме, во многу интимни врски постојат бариери, но конкретната ситуација со која се соочува оваа госпоѓа се чини дека е екстремна.

Таа е речиси две години во брак. Тагува затоа што откако се омажила, воопшто немала однос со сопругот.

„Не знам што се случи. Пред венчавката немавме никакви проблеми и активностите во спалната соба ни беа вистинско задоволство. Што е уште полошо, мојот маж сега воопшто не се ни обидува да направи нешто. Постојано ми повторува дека пенисот не му функционира како што треба. Кога јас ќе преземам иницијатива, веднаш ме прекинува со изговори од типот дека е уморен или дека не се чувствува добро“, раскажува оваа Британка.

Веќе почнала да се сомнева дека ја изневерува.

„Не верувам во приказната дека има проблеми со половиот орган. Секое утро се буди со ерекција, а вчера приметив колку видно се возбуди додека гледаше еротски сцени на телевизија“, објаснуваа таа.

Вели дека е уморна од неговите изговори и смета дека воопшто не ја сака, иако тој тврди дека тоа не е вистина.

„Нашиот брак повеќе нема смисол. Ако продолжи вака, не гледам друга опција, освен да се разведеме“, завршува оваа разочарана жена.

Фото: Шатерсток

Следни Објави

Конечно убава вест: Евтината струја се враќа и преку ден, еве кога!

Во интервју за утринската програма на Телевизија Телма, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи најави дека од први јули оваа година, граѓаните повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија. „Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена […]