fbpx

Цела година немав спиено со маж ми: Ги спушти гаќите, па се шокирав

Оваа жена е очајна и не знае уште колку ќе може да издржи во ваков брак. Очекувала дека значително ќе се подобрат работите во спалната откако маж ѝ побарал лекарска помош, но се соочила со непријатно изненадување.

Една Британка одлучи да се исповеда, а нејзината приказна ви ја пренесуваме во продолжение.

„Имам 40 години, а мојот сопруг 35. Во брак сме пет години и на почетокот редовно водевме љубов. Но, тој почна да се соочува со проблеми, се’ почесто не можеше да доживее ерекција. Активностите во креветот замреа и по цела година „суша“ го натерав да отиде на лекар. Се испостави дека кожичката на неговиот полов орган е премногу тенка и дека истата му создава проблеми. Докторот предложи обрежување и маж ми прифати.

Но, наместо ерупција, доживеа фијаско. Состојбата стана уште полоша. Понекогаш се бакнуваме и се мазиме и тоа е се’. Кога јас ќе преземам иницијатива, тој веднаш се повлекува и ништо од акцијата.

Очајна, во еден момент го натерав да ги спушти гаќите, а тој ми призна дека од операцијата немал ерекција и дека не знае што се случува затоа што лекарот му објаснил дека кога кожата ќе зарасне, се’ треба да се врати во нормала.

Имам здраво либидо и сакам да водам љубов. Не знам што да направам, потребна ми е интимност, но маж ми не сака ни да разговара за тоа“.

Одговор од терапевт:

Мажите би требало да продолжат со нормални односи шест недели по обрежувањето. Можеби вашиот сопруг се плаши да не му предизвикате болка или можеби има уште некој проблем. Во секој случај, може да разговарате со него и да му предочите дека ви фали интимноста со него, а ако одбива било каков муабет, натерајте го барем да направи детален лекарски преглед.

Следни Објави

Естрадата тагува: Колегите се простуваат од Игор

Пoчина Игор Вилхајм. Познатиот хрватски вокалист, музичар, автор и продуцент ја загуби битката со тешката болест. Имаше 57 години, пишува „Нови лист“. Беше еден од основачите на поп-рок групата „Идејни Немири“, чија музика го одбележа ријечкиот нов бран. Составот е најпознат по хитот „Бомбе и бонбони“. Составот е основан 1982 […]