fbpx

Се вери Иван Иванов: Синот на поранешниот претседател проговори за саканата

Се вери Иван Иванов, синот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов.

Убавата вест самиот ја сподели во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде и првпат отоврено проговори за својата избраничка.

„Во ова невино време, мене во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време, што некако си се надополнивме.. Уште на почетоците на нашата врска знаевме дека тоа ќе биде тоа, а како сум се чувствувал ќе прочитате во наредната збирка која ќе биде инспирирана од тоа“, изјави Иванов алудирајќи на неговата поетската книга „Невино време” која ја промовираше пред неполн месец.

(ГАЛЕРИЈА) Познати фаци на промоција кај Иван Иванов

Иван сподели уште неколку интересни детали за саканата.

„Ме освои со шармот, со насмевката, со нивото на промислување на работите околу себе, со интензивната интелигенцијата, со убавината нормално, но пред се’ ме освои со тоа што беше онаа вистинската.. Со таа нејзина природа ме освои“, откри тој.

Почетокот на заедничкиот живот двојката ќе го прослави со интимна забава, но Иванов најави и голема традиционална свадба кога ќе заврши пандемијата.

Фото: Фејсбук-профил на Иван Иванов

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Како ќе продолжам без тебе? Јована скршена од болка

Неговата смрт ја скрши! Познатата српска водителка Јована Јеремиќ не може да се помири со лошата вест која штотуку ја дозна. На 44 години почина Стеван Ѓокиќ, директор на Детективско безбедносна агенција (ДБА), нејзин близок пријател и редовен гостин во утринските емисии кои таа ги води. „Стево мој, како ќе […]