Матица македонска пред неколку дена ја промовираше поетската книга „Невино време”.
Автор е Иван Иванов, синот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов.
Во своето дебитантско поетско дело, Иванов застапува песни со силни емотивни пораки, инспирирани од нашето катадневие.
Промотивна реч за поетската книга имаше писателот Александар Русјаков, а стихови интерпретираше артистот Рубенс Муратовски.
Промоцијата се одржи во Матица ексклузив, а во продолжение погледнете кои познати личности присуствуваа на настанот.
Фото: Фејсбук-профил на Иван Иванов