fbpx

Барем пола од твојата добрина да остане кај нас: Македонија тагува по Грозданов

Почина д-р Колчо Грозданов, специјалист-уролог.

Тажната вест ја потврдија од ЈЗУ Општа болница Охрид.

„Со неизмерна тага се простуваме од нашиот верен колега, искрен пријател и пред сѐ голем човек. Патувај во Царството Небеско и нека ти е Вечен споменот. Искрено сочувство од колегите од Уролошкото одделение и од сите вработени во ЈЗУ Општа Болница Охрид“, стои во објавата на „Фејсбук“.

Охриѓани коментираат дека вечно ќе ја паметат неговата насмевка.

„Твојата добрина барем пола нека остане кај сите нас“, коментираат тие.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Професор Дејан Трајковски за вакцините: Ни умираат луѓе поради заблуда

Ефективноста на вакцините против смртен исход сé уште е прилично висока, неделава околу 87% и не покажува знаци на влошување. Морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните (постари од 60 години) изминатата недела изнесуваа 3,4 наспроти 26 починати на 100.000 лица дневно. Од почетокот на бранот на делта сојот (06.08.2022) до 10.02.2022 […]