fbpx

Свиреше клавир со пенисот, а сега е воен лидер: Кој е Зеленски, претседателот на Украина?

Публиката во украинското ТВ-студио умира од смеење. Најпознатиот комичар во државата со својата екипа ја претставува точката во која со пенисите свират клавир. Неколку години подоцна, тој човек станува претседател на Украина..

Завршил правен факултет, станал една од најголемите актерски ѕвезди во државата, потоа и најпопуларен комичар во земјата, а потоа и претседател на таа држава?! Володимир Зеленски (44) очигледно е талентиран на повеќе фронта.

За неговото владење со Украина во најтешките моменти од независноста засега добива пофалби од челниците на западните држави, но тој се’ помалку им е наклонет откако вчера ги „искара“ поради нивните спори реакции и покрај побараната помош.

На „Јутјуб“ постојат неколку видеа на кои денешниот украински претседател со колегите-комедијанти се „глупира“, додека присутните се смеат до бесвест..

Снимките овие денови, кога Европа влезе во воена состојба, станаа вирални.

„Горд сум на разните таленти на нашиот претседател. Човекот има „му*а“, пишуваат фановите под објавите.

Видеото настанало пред околу пет години додека Зеленски се’ уште не беше влезен во политиката. Во еден од скечовите глуми и професор кој еден ден се буди и открива дека станал претседател на Украина. Таа желба во 2019 година навистина му се исполни.

Не е ова првпат поранешен актер да добие висока политичка функција. Роналд Реган пред да стане претседател глумеше во речиси 20 филмови, додека поранешниот калифорниски гувернер Арнолд Шфарценегер го спасуваше светот како Терминатор.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонци седат во мрак и очајно бараат помош: Сашо Андонов се јави од Украина

Неколку македонски семејства седат во темница во ходникот на зградата каде моментално се засолнети. Не смеат да пуштаат светло, бидејќи такви препораки добиле. Ова за „Фокус“ го сведочи Сашо Андонов кој со сопругата и двете деца подолг период живееле во Киев, а сега се заглавени во европското воено жариште. „Страшно […]