fbpx

Македонци седат во мрак и очајно бараат помош: Сашо Андонов се јави од Украина

Неколку македонски семејства седат во темница во ходникот на зградата каде моментално се засолнети. Не смеат да пуштаат светло, бидејќи такви препораки добиле.

Ова за „Фокус“ го сведочи Сашо Андонов кој со сопругата и двете деца подолг период живееле во Киев, а сега се заглавени во европското воено жариште.

„Страшно е ова, заглавени сме во Киев. Пред да почне сето ова имавме контакт со амбасадата, тие не запишаа за евакуација, ние и без тоа немаме транспорт и последната надеж ни беше во амбасадата. Но, оставени сме сами на себе! Со свои сили се мачиме некако да најдеме начин да се префрлиме до границата на Полска или Унгарија, но се е полошо и полошо. Има повеќе семејства во Киев и сите се надеваме на помош од нашата држава за наоѓање на транспорт до безбедно место“, раскажува Андонов за „Фокус“.

Тој јавно го сподели и неговиот мобилен телефон (+380 508672648) и апелира до сите надлежни служби во земјава да му излезат во пресрет.

Следни Објави

Почивај во мир Цобе: Македонија загуби голем човек

Пред пет минути ми се јави Миле Банов и после моето весело: „Еј, Банов, кажи Банка“, следеше онаа куса, а вечна тишана што претходи пред страшната вест: „Почина Цобе!“. Па, пак молчење и некоја сочна пцост. Ветив дека ќе напишам два-три реда за мојот драг пријател и колега. Знам дека […]