fbpx

Семејната драма ја направи посилна: Животната приказна на Блага Петреска

Ја ситни осмата деценија од животот и целиот свој работен век ѝ го подари на песната. Сцената не ја напушти ниту во најтешките моменти во животот.

Таа е нашето бисерно грло, ѕвезда што сјае повеќе од половина век. И после сите успеси во кариерата, сѐ уште делува толку природно и ненаметливо, а тоа го умеат само најдобрите.

Докажаната пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни, Блага Петреска, пред камерите е секогаш насмеана и весела, иако низ годините се соочувала со многу предизвици за кои многу ретко зборувала во јавноста, особено за семејната драма. Петреска била многу млада кога починал нејзиниот сопруг и никогаш повторно не се омажила.

– Ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет.. Така и бидна. Децата се гордеат со мене и јас со нив. Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија која сега е права Македонка. Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала – раскажа Блага во интервју за „Свет Австралија“.

Петреска денес сѐ поретко ја гледаме на големите настани, одбира каде и со кого ќе се појави. Во една емисија на шега изјави дека свадбите коишто ги работела порано биле стопати подобри од денешните концерти.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Песна за светот, карантински спот со пријателите

Што е за вас светот, прашува поп-ѕвездата Тамара Тодевска во најавата на нејзиниот нов рефрен, темата „Светот е..“, инаку дует со нејзиниот близок пријател и соработник Роберт Билбилов. Премирата не случајно е денес кога докажаниот музичар и продуцент слави роденден. Во карантинскиот спот кој го осмисли Зоран Зонде Стојановски, покрај […]