fbpx

Тага! Почина познатиот актер: Вака живееше последните години

Познатиот уметник починал вчера, а тажната вест на „Твитер“ ја потврди неговиот славен татко

Почина 57-годишниот артист Кристобал Јодоровски, најпознат по авангардниот хорор филм Santa Sangre кој го режираше неговиот татко Алехандро Јодоровски. Токму за оваа улога беше номиниран за наградата Сатурн за најдобар актер.

Израснат во уметничко семејство (неговата мајка е француската актерка Валери Трембле н.з.), Кристобал ќе остане засекогаш запаметен како мултиталентирана личност. Живееше боемски, од денес за утре, коментираат негови блиски пријатели.

Актерот последнава деценија беше посветен на психомагијата, вид на психотерапија која ја иницираше неговиот татко. Редовно држеше говори, а почина ненадејно за време на неговата турнеја низ Италија.

Семејството не ја откри причината за смртта.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Горан пронајден мртов пред прилепската болница: Македонија на нозе, семејството ќе тужи

Прилепчанецот Горан Димески (51) утринава е пронајден мртов на клупа пред прилепската Болница, откако вчера, по едномесечно лекување на ампутираната нога во Болницата, бил исфрлен од установата, пишува „ТВ Алфа“. Семејството на сега веќе починатиот Горан, кој инаку бил бездомник, обвинува за негрижа и најавува тужба против Болницата. Неговиот брат […]