fbpx

Македонија тагува по Ване: Хуманоста нема никогаш да му ја заборавиме

На 63-годишна возраст почина познатиот бизнисмен Ване Богдов, јавија штипските медиуми.

Неговите сограѓани ќе го паметат како голем хуманист, а на градот под Исарот му ја остави и уникатната црква „Свети Константин и Елена“.

Сепак, пошироката јавност го запозна кога на почетокот на минатата година својата конфекција „Вабо“ им ја предаде на управување на вработените.

На работниците им ја даде на користење фабриката со целата опрема во неа при што, како што најави, во првата година нема да плаќаат никаков надомест за тоа, а од втората година, само под услов фабриката да работи со добивка ќе наплаќа минимална кирија за 1.250 метри квадратни производен простор колку што има фабриката.

Богдов најверојатно починал од срцев удар, откако паднал при вечерна прошетка во центарот на Штип. Речиси во истиот миг на местото се нашол студент по медицина од Турција кој го реанимирал и успеал да му го поврати пулсот. Бргу бил пренесен во болница, но не преживеал.

Следни Објави

Фановите се простуваат: Почина ѕвездата од „Касандра“

Семејството и пријателите се простија од легендарната венецуелската актерка Нури Флорес. Се прослави како злобната Херминија во „Касандра“, хит-серијата која во 90-тите години и кај нас рушеше рекорди на гледаност. Флорес ја загуби битката со ракот, битка која веќе подолго време ја војувала. Актерска кариера ја почна во 1959 година, […]