И тоа се случи! Силувач да добие ослободителна пресуда
Судија во Велика Британија одлучи дека 21-годишниот Шон Хог, кој имал 17 години за време на силувањето, е премлад за во затвор. Меѓу март и јуни 2018-та година тој во неколку наврати нападнал девојче во паркот Далкит Кантри.
Во судските документи стои дека Хог од Хамилтон му се заканувал на девојчето, а потоа го силувал. Судијата Лорд Лејк рекол дека Хог, ако го направел делото на 25 години, ќе добиел затворска казна во траење од четири или пет години. Наместо тоа, наредено му е да одработи 270 часа неплатена работа.
Во јануари 2022-ра година се воведени нови насоки за казнување на помлади од 25 години кои примарно се фокусираат на рехабилитација, а не на казнувањето, и препорачуваат индивидуален пристап, земајќи ги предвид животните искуства на напаѓачот.
Судијата рекол дека силувањето е „еден од најтешките злосторства“ и дека во овој случај возраста и ранливоста на жртвата се отежнувачки фактори.
„Ова е твој прв сериозен пристап и претходно не си бил осудуван на затвор. Имаш 21 година, а тогаш си имал 17. Не верувам дека престој во затвор ќе придонесе за твојата рехабилитација“, рекол судијата.