Со интензивни врнежи од дожд ни почна денешниот ден, а на Попова Шапка има и нова снежна покривка.
Какво време не’ очекува за претстојниот празничен продолжен викенд?
Од четврток до сабота времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сонце, меѓутоа наутро ќе биде значително постудено и температурите локално ќе се спуштаат до околу, а на повисоките места и под нулата, со што ќе има услови за појава на мраз.
Максималните дневни температури, пак, ќе бидат потпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
Барем отсега гледано, за први и втори мај очекуваме нестабилно време со локална појава на врнежи и грмежи, особено во попладневните часови.
И во првата седмица од мај ќе имаме потпросечни темпратури на воздухот, што значи ќе биде постудено од вообичаеното. За долготрајна и вистинска пролет ќе почекаме, најавува Славчо Попоски.