Според официјалните статистички податоци, на секои сто Македонци, барем двајца се викаат Александар.
Дефинитивно станува збор за најчестото машко име затоа што на овааа педа земја има над 23.500 Македонци што го носат ова име.
Според православниот календар, оригиналната форма на името е: Ἀλέξανδρος. Името е со грчко потекло, а значењето е составено од два дела: ἀλέξειν – брани, заштитува и ἀνήρ – маж, значи „заштитник“.
Александар, исто така, е доста популарно име и во светски рамки. Во 2016-та било на 11-то место, а во 2009-та дури на 4-то место.
Женската верзија на името – Александра, најголемата популарност ја доживува помеѓу 1967 и 1972 година.
Какво значење се крие во личностите кои го носат ова име, односно какви се всушност тие, објаснува и нумерологијата која вели дека се благи, нежни и со мирољубива природа. Делуваат смирувачки на околината и знаат да ги утешат другите луѓе кога тоа им е најпотребно.