fbpx

Чистам по куќи да преживеам: Исповед на најдобрата македонска фудбалерка

Дојдов во ситуација да морам да чистам по куќи за да преживувам, раскажува нашата поранешна фудбалска репрезентативка Ширет Браими за порталот „Спорт1.мк“.

Дамата која пред повеќе од десетина години ги тресеше противничките мрежи како од шега и беше прогласувана за најдобра во Македонија, сега преживува вистинска голгота. 

– Минувам низ тежок период од животот. Не верував дека ова ќе ми се случи. Живеам сама, без родители. Браќата и сестрите си создадоа семејства. По потреба, работам и како бебиситерка. Многумина ме препознаваат, ме прашуваат што се случило, не веруваат како е можно еден толку успешен спортист да заврши вака – вели Браими.

Таа е поранешна капитенка на националниот тим, која настапуваше за Шќипоњат од 2002 до 2008 година. Играше со екипата во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, а освои повеќе од десет трофеи. 

Целата приказна можете да ја прочитате на „Спорт1.мк“.

Следни Објави

Нема настава со физичко присуство во ниту едно скопско основно училиште

Владата го објави списокот на училишта каде што со согласност на Комисијата ќе може да се реализира настава со физичко присуство, но меѓу нив нема ниту едно основно училиште од скопските општини, информира порталот „Фактор“. И претходно здравствените власти наведуваа дека најголемиот проблем ќе биде во главниот град каде што […]