Состојки:
250гр ракчиња, 2 парчиња кашкавал, 6 варени јајца, 200 гр шунка, 1 помала главица кромид, 1 јаболко, 100гр кикирики, 350мл мајонез, 2 лажички оцет, 1 лажичка шеќер, пола лажичка сол, 100гр ореви.
Подготовка:
Кашкавалот ставете го во замрзнувач. Исецкајте го кромидот, додајте сол, шеќер и оцет. Прелијте со превриена вода и оставете да отстои 15 минути додека целосно не се олади.
Ракчињата исецкајте ги на ситни коцкички, а потои и шунката, во посебни садови. Сварените јајца излупете ги и раздвојте ги жолчките од белките. Жолчката најситно изрендајте ја, а белката покрупно.
Во шунката, ракчињата и жолчките додајте малку мајонез и убаво промешајте ја содржината на секој сад.
Земете калап од 18см. Изрендајте го замрзнатиот кашкавал на крупно, ставете го на дното на калапот и тенко премачкајте го со мајонез. Потоа одозгора распоредете ги жолчките, а потоа кромидот.
За следниот слој треба да ги нанесете исецканите ракчиња, а преку нив крупно изрендајте ја јаболката, потоа шунката. Следниот слој се крупно смелените ореви, а последниот слој, ренданата белка измешана со малку мајонез.
По желба украсете со листови магдонос, тргнете го обрачот од калапот и вашата салата е готова!