fbpx

Здрав домашен леб без да вклучите рерна: Овој рецепт масовно се споделува

Една домаќинка го сподели својот метод за печење здрав леб за чија подготовка дури не ви е потребна ниту рерна

Даниел Лутрел од Тасманија го сподели на фејсбук својот рецепт за домашен леб за кој дури не ви е потребна ниту рерна.

Нејзиниот метод за печење веднаш стана вирален, а луѓето ја наградија со илјадници лајкови.

Прво и основно, ваков леб најдобро ќе ви излезе ако дома имате таканаречен slow cooker, односно лонец за споро готвење и печење. Ако немате, можете едноставно да го ставите во класична печка. Лутрел започнува со мешање на сите состојки, а процесот на печење леб го подели во три чекори.

Состојки:

*  пола шолја топла вода

* две шолји топло млеко

* две лажици растопен несолен путер

* две до три лажици шеќер

* три лажици сув квасец

* шест лажици интегрално брашно

* две лажици сол

* една лажица прашок за пециво

Прв чекор

Во голем сад промешајте топла вода, една (или повеќе) лажици шеќер и три лажици квасец. Почекајте пет минути (не повеќе!) – на врвот треба да се создаде пена. За тоа време загрејте две шолји млеко и две лажици путер во микробранова печка.

Втор чекор

Во смесата со млеко и путер додадете квасец. Користејќи статичен миксер, полека додавајте шест лажици брашно, две лажици сол и една лажица прашок за пециво. Мешајте сѐ додека не се формира тесто. Даниел објаснува дека тестото потоа треба да се меси со раце уште пет до седум минути.

Трет чекор

Обложете го лонецот за бавно печење со хартија и ставете ја во него добиената топка од тесто. Таа ќе се подига додека се загрева. Печете на максимална температура помеѓу два и два и пол часа. Почнете да проверувате на секои седум до десет минути, сѐ додека површината на лебот не стане сунѓереста, но без влага на врвот. Дното би требало да биде убава смеѓа боја, како и страничните делови.

Лутрел сугерира по печењето лебот уште пет минути да го ставите во рерна за кората да биде покрцкава. Лебот можете да го покриете со кујнска крпа за да спречите кондензирање.

Следни Објави

Пазете се од овие две работи: Вирусот може да биде фатален и за луѓето без хронични болести

Зошто здрави луѓе, помлади од најчесто означената ризична група, позитивни на коронавирус и со многу благи симптоми сместени во домашна изолација, сепак развиваат тешка клиничка слика? И зошто мораат да бидат префрлени на одделението за интензивна нега? Ова прашање станува се поактуелно кај нас, но и во светски рамки. Два […]