fbpx

НУМЕРОЛОГИЈА: Броевите откриваат што ве очекува во маj!

Ве интересира нумеролошката прогноза за месецот што доаѓа? Би сакале да знаете дали треба да ги намалите трошоците? Да внимавате да не ве излажат? Сѐ што треба да направите е да го пресметате вашиот биоритамски број.

Соберете ги броевите на својот датум на рагање (не и годините!) и сведете го збирот на прост број. На пример, ако сте родени 11.03.1978 година, вашиот биоритамски број е 5 (1+1+3=5).

Еден

Овој месец ќе ви донесе мирни и поубави моменти поради влијанието на бројот 8. Очекувајте да ви биде вратен некој долг, или пак да добиете пари кои одамна ги очекувате. Ќе имате убав месец.

Два

До крајот на мај ќе бидете приморени да направите некаква селекција и да расчистите со сопствените предрасуди. Само од вас зависи дали животот ќе почне да ви се движи во друга насока. Можности секако ќе има.

Три

Треба повеќе да ѝ верувате на сопствената интуиција. Ќе морате да бидете претпазливи, ќе се соочите со една сериозна ситуација која е поврзана со некое поголемо вложување.

Четири

Внимавајте да не трошите премногу и да не се расфрлувате на неважни работи. Повлечете се до крајот на месецот, со форсирање нема ништо добро да ви се случи.

Пет

Сѐ што правите е механички, без некаква стратегија. Не дозволувајте  поради ова другите да добијат погрешна слика за вас.

Шест

Ве очекува многу напорен месец, особено на работа. Сепак, добро ќе се носите со ситуацијата, само ви треба добра проценка.

Седум

Подобро ќе се чувствувате и на работа и дома, а ќе ви се отвори и можност уште отсега да почнете да го планирате годишниот одмор.

Осум

Морате повеќе да му се посветите на смејеството, а до крајот на месецот под влијание на бројот 6 токму односот со најблиските ќе биде темата за која најмногу ќе размислувате.

Девет

Психичката лабилност во овој период на изолација можно е да ви донесе непријатни ситуации, меланхолија или пак нешто поради кое ќе си направите проблем ако ги слушате оние кои не ви се пријатели.

Следни Објави

Се плашиме од несакани ефекти: Филипче за карантинот на први мај

Во тек е прес-конференција на министерот Венко Филипче и директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова-Бухова. Освен за моменталната состојба со Ковид-19 во државата, Филипче се осврна и на (не)почитувањето на мерките од страна на граѓаните по намалувањето на полицискиот час. – Деновиве видовме совесни граѓани кои ги почитуваат мерките, но видовме […]