Репортер на ТВ21 доби дозвола да влезе на Инфективната клиника во Скопје каде во последниве 24 часа биле хоспитализирани тројца нови пациенти.
Инфективна е поделена на две зони, зелена или чиста и црвена или загадена зона од каде и започнуваат рестрикциите – строго забранет влез кадешто без соодветна заштитна опрема не може да се пристапи.
Клиниката не е оптеретена, моментално има 47 пациенти, од кои 19 се потешко болни со кислородна поддршка. Тука времето тешко минува, секој сака што побрзо да излезе и да ги заборави овие звуци на машините, вели репортерот на ТВ21.