Селма Бориќ, жената која беше инспирација за еден од најголемите хитови на „Бијело дугме“, почина на 92 години во Загреб.
Нејзината смрт ја потврди и поранешниот пејач на бендот, Жељко Бебек, кој на социјалните мрежи сподели фотографија од прославата на нејзиниот 90-ти роденден.
Селма почина осамена и тажна, пишуваат регионалните медиуми.
– Осамена сум како и секоја старица. Би сакала малку повеќе да ме посетувате. Ретко патувам. Неодамна почина сестра ми во Мостар и се’ помалку ги има луѓето со кои го поминав животот. Одам до продавница, разговарам со познаници и тоа е се’ – раскажа Селма неодамна за еден портал од Бања Лука.