fbpx

Бев заробена: Ново потресно сведоштво на Милена Радуловиќ

Милена Радуловиќ, младата српска актерка која прва се охрабри јавно да проговори за силувањето и за сексуалното вознемирување од страна на професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ, во нова исповед открива детали од тортурата која ја преживеала.

– Училиштето го посетував од 11 до 18-годишна возраст. За жал, последната година која ја поминав таму ги доживевав најголемите трауми. Додека не се појавија останатите девојки, бев уверена дека оваа приказна е само моја, мислев дека сум сама – раскажува Милена за реномираниот руски магазин „Татлер“.

Таа објаснува каков манипулатор бил Алексиќ, како го градел неговиот однос со ученичките од позиција на татко, како бил неосопрлив авторитет.

– Се срамев и се мразев во тој период, бев заробена. Пред две години се појави уште една девојка родена 2000-та. Беше во многу лоша состојба. Таа ме мотивираше да му застанам на патот. Уште пред две години сакав да го пријавам, но никој од нас не веруваше во судот, во целата таа бирократија. Покрај тоа, ни беше срам и не можевме да им кажеме на родителите што точно се случило – вели Радуловиќ.

Милена појаснува дека на крајот одлучила прва да проговори затоа што е најстара од сите жртви со веќе добро позиционирана кариера за нејзиниот глас навистина да се слушне.

Шокантен пресврт во случајот со силувања: Се огласи Мика Алексиќ

Во меѓувреме уште неколку девојки одлучија да проговорат за своето искуство во училиштето на Алексиќ. Тие го објаснија механизмот со кој преку психофизичко малтретирање на тинејџерките правел од нив сексуални робинки.

Одбраната на Алексиќ, пак, кој е осомничен за осум силувања и шест сексуални вознемирувања, изјави дека најверојатно ќе се држи до тврдењата дека професорот по глума е импотентен.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ја уби баба ми, па се самоуби: Ѕвездата од омиленото македонско шоу неутешна

Конечно проговори за својата страшна животна приказна До десет години имав среќно детство, а потоа се’ се промени. Трагедијата се случи кога моите родители се разведоа. Не знам како татко ми набавил пиштол. Тоа треба да го истражи полицијата. Ја уби баба ми, ја рани мајка ми со три куршуми […]