Крешимир Кук вели дека појавата на вакви кратери е непозната за сеизмолозите
Новиот земјотрес со јачина од три степени според Рихтер кој се случи вчера во Банија дополнително активира многу свлечишта, а дупките кои настанале во земјата после секој потрес се се’ поголеми.
Сеизмологот Крешимир Кук вели дека појавата на вакви кратери е непозната за неговите колеги.
– Не постојат никакви пишани трагови, дури ниту усни сознанија кај постарите сеизмолози. За нас ова е нешто ново – нагласува тој.
Кук објаснува дека земјотресите ќе потраат уште неколку месеци, но дека ќе бидат послаби.
Професорот Бруно Томљеновиќ од загрепскиот Рударско-геолошко-нафтен факултет истакнува дека појавата на овие дупки може да се толкува како феномен и дека не е вообичаено по земјотреси тлото вака да се однесува.
Најголемиот кратер е со пречник од дури 30 метри.
Фото: Сандра Симуновиќ/Пиксел
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.