fbpx

На распит за Веља Невоља: Кој е најпознатиот јутјубер на Балканот?

Богдан Илиќ, еден од најпопуларните јутјубери во регионот чие уметничко име е Бака Прасе, денеска се појави во Службата за борба против организиран криминал каде беше испрашуван за Веља Невоља.

Ќе се изненадите: Пејачи, актери и спортисти работеле за Веља Невоља

На почетокот на февруари почнаа шпекулациите дека тој бил рекетиран од страна на Вељко Беливук и неговите најблиски соработници од криминалната банда. Тој тогаш ги демантираше таквите наоди.

Во јули минатата година, од страна на две девојки Бака Прасе беше обвинет за педофилија, а тој се бранеше дека сето тоа е клевета и дека планира да поднесе тужби.

Иако има само 24 години, се пофали дека месечно заработува над 100.000 евра од реклами на своите канали. На „Инстаграм го следат еден милион следбеници, а на „јутјуб“ има над 1,9 милиони фанови.

Илиќ лансираше и своја модна линија која е популарна и кај македонските тинејџери.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

По пет години Нада е конечно бремена: Се заразив со корона, па ја дознав убавата вест!

Бременоста ѝ се случила баш во моментите кога дознала дека е позитивна на коронавирусот Познатата српска актерка Нада Мацанковиќ по вторпат ќе стане мајка, како што самата вели, после пет години исклучително тешка борба повторно да се реализира како родител. „Судбината така сакала. Мене оваа бременост ептен ме изненади. Пет […]