fbpx

Ќе се изненадите: Пејачи, актери и спортисти работеле за Веља Невоља

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако повеќе српски медиуми објавија дека познати пејачи, актери и спортисти биле на платен список кај Вељко Беливук, многу попознат како Веља Невоља.

На линија со уапсениот водач на криминалната група биле и политичари од власта, но и од опозицијата, вели Светозар Света Вујачиќ, советникот на министерот за внатрешни работи Александар Вулин.

Невоља досега го поврзаа со старлетите Мими Оро и Тијана Ајфон, но во неговиот телефон наводно се наоѓаат различни видеа и докази кои ќе компромитираат и други познати личности. Меѓу нив се и близок соработник на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, раперот Стефан Ѓуриќ Раста и пејачката Ана Николиќ, како и еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе.

Крвава естрада: Овие ѕвезди ги поврзуваат со Веља Невоља

Веља Невоља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Јас сум еден од најгордите Македонци: Нов говор на Гарванлиев, МРТ пред конечна одлука

Во ново интервју, овојпат дадено за „Дојче Веле“, македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев повторно проговори на темата која ги разгоре страстите на социјалните медиуми. На прашањето како се чувствува, со оглед на фактот што има и македонско и бугарско државјанство, тој вели: „Како човек! Со огромно срце и искрена душа […]