fbpx

Шок: Од родното село на Даниела откриваат детали за нејзиното однесување

На Даниела Штајнфелд преку ноќ ѝ се промени животот откако пред неколку дена го обвини колегата Бранислав Лечиќ дека ја силувал во 2012 година.

Држи ме цврсто: Вака зборуваше силуваната Даниела за актерот Бранислав Лечиќ

Медиумите не престанаа да пишуваат за подзаборавената актерка која публиката најмногу ја памети по улогата во култното остварување „Ивкова слава“, а сега одлучија да го посетат и нејзиното родно село Руски Крстур во општина Кула.

Нејзините соседи проговориja за актерката и открија каква е таа позади камерите.

„Одевме во исто училиште. Често ја гледав во драмската секција. Ние во селото не знаевме што ѝ се случило. Таа беше и остана девојка за пример. Кого ѝ да прашате овде, ќе го добиете истиот одговор. Беше најубавата девојка која глумеше во „Ивкова слава“ и цело село се гордееше. Нашето село е мало, па штом почне за некој да се зборува нешто лошо, сите имаат поган јазик. За конкретниот случај мислењата овде се поделени. Има и такви кои сметаат дека се работи за огромна лага, но кога ја видов веднаш забележав дека го нема оној препознатлив сјај во очите. Лично, верувам дека е жртва на силување, сочувствувам со неа и секогаш ќе ѝ давам поддршка – вели нејзина познајничка која инсистирала да остане анонимна.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Горд татко: Запознајте го синот на Апасиев

Контроверзниот македонски пратеник Димитар Апасиев за своите следачи на социјалните мрежи пред неколку месеци одлучи да го отвори семејниот албум. Лидерот на „Левица“ објави фотографија со синот Исак. – А вашите ДЕЦА, за кои велевте дека ќе станат робови – нив ќе ги воведам да ја населат земјата што вие […]