fbpx

Најдраг пријателе, зошто нè напушти прерано: Од корона почина Трајче Димитриев

Поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев (63), почина од последици на Ковид-19.

Негови блиски велат дека нагло му се влошила состојбата.

Роднини, пријатели и колеги со емотивни посвети се простуваат од него на социјалните мрежи.

„Зошто најдраг пријателе, зошто не’ напушти прерано, а се’ уште сонуваше да создаваш за Демир Капија??? Твоите дела за твојата драга Демир Капија останаа за век и векови, ти замина во вечноста, а сепак ја остави вечноста меѓу сите нас. Ми беше чест што те имав за пријател и ти бев прв соработник. Почивај во мир, ШЕФЕ“, напиша Петар Мојсов на „Фејсбук“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Лазар е момчето од Охрид кое почина од корона

Лазар Секулоски е 28-годишното момче од Охрид кое почина од последици на Ковид-19. Прво бил хоспитализиран во родниот град, а откако му се влошила состојбата бил пренесен во Скопје. Секулоски бил дијабетичар и имал проблеми со тироидната жлезда, јавува порталот „ОхридНет“. Погребот е закажан за утре во 12:30 часот. Поврзани вести: […]