fbpx

Боли оваа вест и ме гуши: Трогателни зборови по смртта на Александар

Реномираниот српски композитор и клавијатурист Александар Бањац почина ненадејно на 45-годишна возраст.

Соработуваше со многу регионални ѕвезди, меѓу кои е и кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ кој почина во февруари.

Токму нивната заедничка слика направена во декември минатата година во студиото на Бањац привлече големо внимание.

„Две легенди на заедничка фотографија пред само неколку месеци. Никој не насетуваше дека и двајцата ќе починат за толку кратко време“, е еден од коментарите.

А, на социјалните мрежи музички ѕвезди од поранешните ју-простори со емотивни посвети се простуваат од Александар. Меѓу нив и Владо Георгиев.

„Како вака без никаква најава и поздрав? Боли оваа вест и ме гуши.. Нека Бог се смилува на твојата душа. Свири клавир, свири бас, каде и да е сега тоа место, патувај Баки.. Почивај во мир“, напиша Георгиев на „Твитер“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Денес слави роденден: Каролина каква што не ја паметите

Каролина Гочева денес слави роденден. Македонската пејачка наполни 41 година и мора да признаеме дека изгледа одлично. Во својата богата кариера ја паметиме во секакви изданија. Како се менуваше модата, така и таа ги следеше трендовите. Сепак, во една фаза беше многу повпечатлива од тоа што вообичаено сме навикнати да […]