fbpx

Тажен ден: Уште една македонска легенда замина во вечноста

Почина легендарниот фотограф и снимател Ѓоко Поповски Гањо.

Се одјави човекот кој му беше личен снимател на Тито, сведок на неколку војни и природни катастрофи низ светот.

Со неговиот фотообјектив документира многу потресни моменти и човечки судбини, а тој беше и човекот кој ги направи првите снимки од разрушено Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

„Не трпеше фолиранти меѓу репортерите. Таквите знаеше да ги трча наоколу, залажувајќи ги дека ќе уловат „ексклузивна“ изјава, колку да им ја вади душата додека трчајќи му ги носат каблите. А тој имаше кондиција за сè; и за работа, и за семејство, и за седнување со пријатели во Чамо, скопскиот боемски Мечкин камен во кој се случуваа некои од најурнебесните скопски ситуации и муабети“, напиша Трендо за нашиот Кит Ричардс како што го нарече.

Погребот е утре (сабота, 22 мај, 2021 година), во 13:30 – 14:00 часот, на градските гробишта во Бутел.

Следни Објави

Да не ги купивте на распродажба? Пејачките на „Евровизија“ во исти фустани

Од пуста желба да останат што е можно позабележани на евровизискиот подиум и заборавајќи на правилото дека „помалку е повеќе“, пејачките на „Евросонг“ отсекогаш се облекувале преамбициозно и неретко кич. Едно време беше модерно она повеќеслојно облекување, па расоблекување додека трае настапот со некој дополнителен специјален ефект, а ретко сме […]