fbpx

Да не ги купивте на распродажба? Пејачките на „Евровизија“ во исти фустани

Од пуста желба да останат што е можно позабележани на евровизискиот подиум и заборавајќи на правилото дека „помалку е повеќе“, пејачките на „Евросонг“ отсекогаш се облекувале преамбициозно и неретко кич.

Едно време беше модерно она повеќеслојно облекување, па расоблекување додека трае настапот со некој дополнителен специјален ефект, а ретко сме гледале дами кои знаеле да се облечат автентично и иновативно.

Овојпат ни паднаа во очи сребрените костими со кристали во најразлични форми и должини, и тоа не еднаш, туку дури четирипати.

Претставничките на Албанија, Молдавија, Кипар и Малта настапија во речиси исти костими.

„Едноставен за носење, од утро до вечер, овој фустан е универзална униформа“, напиша еден евровизиски фан на „Твитер“.

„Пола евровизиски пејачки носат иста облека. Само нека светка“ и „Фустаните да не ги купивте на распродажба“ се другите коментари кои предизвикаа реакции на социјалните мрежи.

Кое е вашето мислење? На која претставничка фустанот најмногу ѝ прилега?

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мамичке, ме боли стомак: Ладнокрвно убиство на шестгодишно дете

Полицијата е во потрага по човекот кој застрела шестгодишно дете додека истото се наоѓало во автомобилот на мајка си, откако таа нагло му пресекла пат на друг возач. „Мамичке, ме боли стомак, извикал малиот Ејден Леос откако бил погоден со куршум додека се возел на задното седиште од автомобилот кој […]