fbpx

Петре М. Андреевски: Колку повеќе знаеш, толку повеќе ќе страдаш!

На денешен ден, 1934 година, роден е Петре М.Андреевски.

Најубав начин да му оддадеме почит е да го споделуваме неговиот збор, неговите дела и песни, неговото творештво..

Неговата мисла воодушевува и маѓепсува.

Во продолжение извадок од неговиот роман „Тунел“, издаден во 2003 година.

Уживајте!

„Останало животворната вистина да ја откриеме откако ќе сфатиме дека не можеме да живееме оддалечени од некого, без кого не можеме“.

„Секој човек си го планира некако животот. Но никој не знае кај згрешил кога ги повлекувал правите и криви линии, допирните точки, острината на аглите. Не може ни со сигурност да се објасни кај му измрдала либелата. Можеби некој ден ќе го открие тоа, но ќе го открие кога не ќе може нешто да измени”.

„Колку повеќе знаеш, толку повеќе ќе страдаш!“

„Сега дури сфаќам дека и среќата и несреќата ги разбираме откако ќе нема со кого да ги делиме“.

„Само ако имаме нешто за сеќавање, само тогаш знаеме колку време сме биле заедно и колку време сме живееле и зошто треба да го браниме тој живот“.

„Облеката е измислена да ти ги покрива недостатоците, а зборот да ти го покажува и тоа што не се гледа“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Обична прошетка се претворила во пекол: Почина бебе од топлотен удар

Дете старо само четири месеци починало вчера во гратче во близината на Москва од топлотен удар, јавуваат руските агенции. Бебето, кое наводно имало здравствени проблеми од раѓање, родителите го нахраниле околу 15 часот, а потоа го сместиле во количка и тргнале со него кон едно излетничко место каде со пријателите […]