fbpx

Нова трагедија на естрадата: Жељко Самарџиќ скршен од болка

Нова трагедија ја вознемири естрадата.

Уште еден млад уметник прерано го загуби животот, а на социјалните мрежи се’ уште со неверување се споделува трагичната вест.

На 31 година ненадејно умре Игор Гарниер.

Според првичните информации, српскиот музичар и диџеј кој со години живееше и работеше во Америка, починал во теретана.

Трагедијата се случила во Вашингтон, а како што раскажува негов близок пријател, Игор за време на тренингот наеднаш се срушил. Кога пристигнале лекарите, само констатирале смрт.

Игор во својата кариера реализира неколку албуми кои оставија печат на интернационалната сцена. Соработуваше со големи имиња од глобалната електронска сцена, меѓу кои и мегапопуларниот Ерик Приц. Една од неговите најпопуларни песни е „Милка Цаниќ“, обработка на рефренот „Барбара Стрејсенд“ на составот „Дак сос“. Неговите спотови редовно се емитуваат на музичкиот канал Ем-Ти-Ви. Има настапувано и со Фетбој Слим.

Што се однесува до приватниот живот, Игор повеќе од седум години беше во врска со Мина, најмладата ќерка на Жељко Самарџиќ која исто така се занимава со музика. Тој се појавува и во нејзиниот спот за песната „Будуќи мој“.

„Многу ми е жал за Игор и за неговото семејство. Откако замина во Америка не сме имале контакт и оваа тажна вест ме вознемири. Нека му е лесна земјата и спокој во душата, ќе го паметам како едно прекрасно момче и одличен музичар“, изјави Жељко.

Фото: Дамир Дервишагиќ/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нови ограничувања во Грција: Од 15 јули овие мерки стапуваат на сила

Нови ограничувања од 15 јули ќе стапат на сила во соседна Грција. Мерките веднаш предизвикаа незадоволство, но властите не отстапуваат, па доколку планирате во наредниот период да патувате во оваа земја, важно е да ги знаете следните информации: – Од 15 јули кафулињата и рестораните ќе бидат отворени само со […]