fbpx

Бебето ја чинеше живот: Зборовите на таткото ќе ви го скршат срцето

Една 39-годишна жена неодамна трагично го загуби животот во трговскиот центар Стокленд Белдвис во Рокингем, во западниот дел на Австралија.

Безживотното тело на Алара Лоренс било пронајдено во контејнер со донирана облека која ја одбирала за своето 15-месечно бебе.

По прегледот на видеоснимките е утврдено дека не се работи за насилна смрт, туку за бизарен случај.

Во текот на пребарувањето и селекцијата на облеката, Алара незгодно се лизнала и паднала во контејнерот каде се заглавила и задушила.

И детективот Ендрју Елиот потврди дека се работи за трагедија како последица на исклучително невообичаени несреќни околности.

Во меѓувреме, на „Фејсбук“ се огласи сопругот на Алара пишувајќи дека се’ уште не може да поверува што му се случило.

„Овој свет е суров. Не можам да поверувам дека си замина. Разочаран сум и немам зборови со кои би опишал како се чувствувам. Ми фалиш и само би сакал да можам уште еднаш да ти кажам колку те сакам и дека си мојата сродна душа“, објави тој.

Локалните медиуми пренесуваат дека во оваа област често може да се види како луѓето пребаруваат по контејнерите со донирана облека пред трговските центри.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Последен поздрав што ќе ве расплаче: Се огласи сестрата на Даниел

Не стивнуваат реакциите по ненадејната смрт на младиот актер и модел Даниел Микелсон. Се’ уште не е позната причината за смртта на 23-годишната ѕвезда во подем. Неговата помлада сестра сподели трогателна посвета на социјалните мрежи. „Моето срце е скршено, не знам што би кажала. Изгубив брат, најдобар другар, едноставно ја […]