fbpx

Последен поздрав што ќе ве расплаче: Се огласи сестрата на Даниел

Не стивнуваат реакциите по ненадејната смрт на младиот актер и модел Даниел Микелсон.

Се’ уште не е позната причината за смртта на 23-годишната ѕвезда во подем.

Неговата помлада сестра сподели трогателна посвета на социјалните мрежи.

„Моето срце е скршено, не знам што би кажала. Изгубив брат, најдобар другар, едноставно ја изгубив другата половина од моето срце. Не постоеше личност на Земјата која ја сакав повеќе“, напиша таа објавувајќи нивна заедничка фотографија од детството.

Меѓу познатите личности кои јавно се простија од Даниел се и Парис Хилтон, Патрик Шфарценегер и Каја Гербер.

Микелсон публиката го запозна во серијата Mani, а глумеше и во хоророт The Killer Clown Meets the Candy Man.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Кој е Жовенел Моиз, убиениот претседател на Хаити?

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, е убиен утринава во својот дом, потврди владата, а неговата сопруга Мартин Моиз им подлегна на повредите во болница. Моиз (53) беше на власт од февруари 2017 година. Неговото владеење резултираше со политичка нестабилност, а тој се соочуваше со сериозни обвинувања за корупција. На немилиот […]