fbpx

Шенон Доерти подготвена да замине: Не се плашам од смртта!

Шенон Доерти, поранешната ѕвезда од хит-серијата „Беверли хилс“, лани откри дека повторно ѝ се вратил ракот на дојка и тоа во уште посилен стадиум.

Легендарната Бренда неодамна на „Инстаграм“ сподели објава со која ги вознемири фановите.

„Дали некогаш сте почувствувале дека имате толку многу да кажете, а знаете дека нема да можете?“, напиша таа.

Блиски пријатели на легендарната Бренда велат дека нејзината здравствена состојба е секој ден се’ полоша.

„Човек се уморува од борба со ветерници. Така и таа се умори од борбата со ракот. Иако не се предава, свесна е дека нејзиното заминување е се’ поизвесно. Последните резултати се далеку од охрабрувачки“, вели извор близок до актерката.

Пред неколку месеци Доерти призна дека се помирила со фактот дека овојпат нема да успее да ја победи болеста и дека се подготвува за сопствената смрт. Таа дури тврдеше дека си одбрала и фустан за своето вечно почивалиште.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ретко го покажува: Ова е семејството на Гоце Тодоровски

Легендарниот Гоце Тодоровски пред неколку години се пензионира, па сега сѐ повеќе време поминува со семејството. Омилениот актер од „Македонски народни приказни“ ретко споделува семејни фотографии, па вистински ги изненади фановите кога објави баш една таква фамилијарна слика. Тој позира со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски кој сѐ уште […]