fbpx

Шокантен пресврт: Вистината за таткото монструм

Таткото кој пред два дена си ги уби трите деца наводно почнал да комуницира со лекарите.

Според последните информации, придружуван од силно полициско обезбедување е префрлен на Клиниката за психијатрија каде ќе биде подложен на понатамошни испитувања.

Свеќи се’ уште горат пред зградата во која се случи чедоморството.

„Полицијата остана цела вечер овде. Претпоставувам дека ги обезбеди сите неопходни докази. Искрено, се’ уште не можеме да поверуваме дека тие деца нема никогаш повеќе да ги видиме, дека никогаш повеќе нема да им ги слушнеме гласовите, насмевките од нивната тераса. Тој човек делуваше дека се’ би направил за своите деца“, раскажува еден од соседите за „Јутарњи“.

Познајник, пак, на 56-годишниот Харлад Копиц на новинарите им изјавил дека единствената искрена порака која ја напишал била неговата последна.

„Сите статуси и фотографии кои ги објавуваше до петокот вечерта не беа искрени. Се грижеше за позитивниот имиџ, особено сакаше да покаже дека е добар татко. Ги тераше децата со сила да глумат среќно семејство“, тврди тој.

Наскоро треба да бидат познати и наодите од токсиколошката експертиза за да се потврди дали децата биле убиени со труење со таблети или биле задавени.

Копиц е австриски државјанин, угледен финансиски консултант кој живеел и работел во Загреб. Со сопругата биле разведени, па децата викендов биле кај него на гости.

Во својот последен статус на „Фејсбук“ напишал: „Збогум на сите“, а како мотив ги навел нарушените односи со бившата сопруга и сегашната партнерка.

Фото: Фејсбук

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ја изгубивме најдобрата: На 35 години почина познатата инфлунесерка

Уште една млада и успешна инфлуенсерка заврши трагично Почина светски познатата визажистка и јутјуберка Мел Томпсон, јавуват светските медиуми. Тажната вест на „Инстаграм“ ја потврди и нејзиниот сопруг Пафин. „Навистина е претешко да одебрам само десет фотографии со кои сакам да ѝ оддадам признание на мојата сакана за нејзината работа […]