fbpx

Ни почина во раце: Трогателна порака од таткото на Оливер

Во болницата во Кент почина Оливер Стипер, деветмесечното бебе на кое пред шест дена му се слоши во градинка.

Од безбедносни причини, британските власти привремено го затворија објектот. Според неофицијални информации, детето во градинката наеднаш почнало да се дави, но не е познато која е причината за овој немил настан.

„Во тек е истрага која ќе покаже дали во градинката се прекршени стандарди кои можеби довеле до смртта на Оливер. Додека трае истрагата, градинката ќе биде затворена“, соопшти полицијата.

Луѓе во огромен број спонтано се собраа пред градинката оставајќи пораки и играчки во чест на починатото дете. Од него со трогателна порака се простија и родителите Зои и Луис, пренесува „Мирор“.

„Нашето дете, центарот на нашиот свет, за жал ја изгуби битката за живот. Почина мирно во нашите раце. Ни носеше радост и среќа секоја секунда откако се роди. Жал ни е што не можевме подолго да уживаме во неговата насмевка. Се’ би дал уште еднаш да го чујам неговиот глас“, напиша на „Фејсбук“ несреќниот татко.

Фото: ЏастГивинг

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Оставете чаша вода да отстои еден ден: Еве зошто ви се случуваат лоши работи во домот!

Секоја личност што влегува во нашиот дом, внесува одреден вид енергија, позитивна или негативна Постојат повеќе техники преку кои може да дознаете дали во вашиот дом постои негативна енергија. Наједноставниот начин е тоа да го направите со пошош на чаша наполнета со вода. Во проѕирна стаклена чаша ставете морска сол […]