fbpx

Чудо во домот на Радомир: Педесет години го чекаше ова!

Како што раскажува, тој ден сите негови желби се исполниле

Некои луѓе среќата ја поистоветуваат со луксузни недвижнини, скапи автомобили и дебели сметки во банка, но тоа не е така во семејството Ѓоковиќ од селото Добраче.

Иако животот воопшто не го мазел и секој денар го заработил со пот, Радомир најголема среќа доживеал токму сега во поодминати години. Во неговиот дом се слушнал бебешки плач по речиси половина век и тоа било доволно за солзи радосници на неговото лице. Среќата му ја донела снаата од Скадар која му родила две златни деца.

„Нашите жени не сакаа да слушнат за ова село, па во потрага по сродна душа поминав многу километри. Среќата ме погледна, бидејќи сопругата првпат ја видов тогаш кога се омажи за мене. На почетокот беше многу тешко, но желбата за семејство и деца не’ обедини и нашиот брак успеа. Во мојата куќа се роди синот Стефан дури по педесет години и тоа е најголемата радост. Ми се исполни желбата мојата лоза да продолжи. Условите за живот не се најдобри, се’ што имаме прво одвојуваме за децата, па потоа за нас тоа што ќе остане“, раскажува Радомир.

Неговата сопруга Лина, иако припаѓа на друга вера, култура и нација, поминала огромен пат за да го запознае својот животен сопатник. Му подарила деца, го сочувала топлиот дом кој прокиснува. Го примила православието и го научила српскиот јазик.

„Ова сега е мојот дом, а децата се најголема среќа. Човек се прилагодува на се’. Научив да месам леб и да правам зимница. Најважно е децата да ги насочиме на вистинскиот пат. Материјалните работи не се мерило, туку човечноста, а таа во нашиот дом и тоа како ја има“, вели Лина.

Фото: Рина

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Син ми живееше само две недели: Потресната приказна на Опра

Најпознатата светска водителка си ја отвори душата Сите коишто се запознаени со ликот и делото на Опра Винфри, веројатно најпопуларната водителка на сите времиња, добро знаат колку нејзиниот живот бил тежок и каков трнлив пат поминала пред да стане милијардерка. Светот остана со подотворена уста кога неодамна во својата емисија […]