fbpx

По пет дена на респиратор, трудница во „Систина“ успеа да го победи ковидот

Во светот многу мал процент преживуваат од ваква животозагрижувачка состојба

Нермин Али (36) била во 25. недела од бременоста кога ѝ бил дијаностициран делта-сојот на коронавирусот.

Само неколку дена по потврдата, ситуацијата почнала да ѝ се влошува и почнала нејзината битка за живот. Морала да се бори за себе, но и за детето што го носела.

„Во првите неколку дена ја ставивме на кислородна поддршка со релативно уредни параметри за потоа да почне со нагло влошување и пад на сатурацијата. Затоа одлучив и ја приклучивме на неинвазивна вентилација, за потоа состојбата да прогресира и бараше пациентката да се вклучи на механичка вентилација. Впрочем, кога немаше друг начин како да ѝ се помогне, механичката вентилација беше единствен избор. Тоа е исклучителна ризична состојба, ние не се боревме само да го спасиме нејзиниот живот туку се боревме да го спасиме и бебето. Овие пациенти се најтешки, најкомплицирани за да ги третирате“, вели д-р Патриција Каламарас која го предводи тимот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ каде пациентката се лекувала.

Се внимавало на сите детали од лекувањето. Како што вели Каламарас, во вакви случаи не смее да се користи агресивна терапија. Важно било терапијата да ѝ делува на пациентката, но во исто време да не му се наштети на плодот.

Нермин сега има здраво бебе, а и таа се чувствува добро. Сиот свој живот е во Шведска, иако нејзиното семејство е по потекло од Македонија. Кога дошле во земјава, за жал, искусила лошо искуство, едно од најтешките во нејзиниот живот. Одморот кој требал да биде реласирачки се претворил во борба за живот. И за неа, но и за 12 членови од истата фамилија за кои се утврдило дека се болни.

Следни Објави

Се засакале уште во средно: Ова се децата кои загинаа во страшната сообраќајка

Три млади животи денеска згаснаа. А.Н. (20), И.М. (20) и О.П. (21) загинаа на лице место во страшна сообраќајна несреќа на патот Шабац-Ваљево. Трагедијата одекна во целиот регион, а на социјалните мрежи не стивнуваат трогателни посвети за настраданите. Дваесетгодишните Ивана и Немања биле во врска уште од средношколските денови. Немања […]