fbpx

Се засакале уште во средно: Ова се децата кои загинаа во страшната сообраќајка

Три млади животи денеска згаснаа.

А.Н. (20), И.М. (20) и О.П. (21) загинаа на лице место во страшна сообраќајна несреќа на патот Шабац-Ваљево.

Трагедијата одекна во целиот регион, а на социјалните мрежи не стивнуваат трогателни посвети за настраданите.

Дваесетгодишните Ивана и Немања биле во врска уште од средношколските денови. Немања го опишуваат како исклучително момче, спортист, секогаш насмеан и кон сите добронамерен. Неговата девојка студирала право во Нови Сад, а судејќи по нејзиниот фејсбук-профил паралелно се занимавала и со професионална шминка.

Нивниот другар О.П. бил перспективен спортист, откако оваа сезона се покажал како еден од најдобрите играчи на ракометниот клуб „Металац“ од Ваљево.

Немања го управувал автомобилот „пежо 307“ кој наеднаш изгубил контрола, преминал на спротивната лента и удрил во камион. Возилото завршило во ендек покрај патот и делови од автомобилот се расфрлале на коловозот, пишуваат српските медиуми.

Според првичните сознанија на истрагата, возачот на камионот не бил под дејство на алкохол.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.


Следни Објави

Огромна загуба: Неверување по смртта на Димитриевски

Трагично заврши потрагата по Љубе Димитриевски кој исчезна пред неколку дена. Роднините кои на социјалните мрежи побараа помош за било каква информација, сега се огласија повторно. „Ви благодариме на сите за објавата за Љубе. Пронајден е. Да му е светол патот до вечноста. Ве замолуваме доколку се’ уште кружи веста […]