fbpx

Почина омилената докторка: Приказната на Ана ќе ви го скрши срцето

Засекогаш замина баш на нејзиниот роденден

Од последици на Ковид-19 на денот кога наполни 41 година почина д-р Ана Чопорда, анестезиолог во КБЦ Звездара, жена која со својата лична приказна го сврте вниманието во целиот регион.

Колегите и пријателите се во шок и споделуваат статуси за дамата која беше прекрасен лекар, лавица и голем борец, а оние кои не ја познаваа, по нејзината смрт дознаа зошто е тоа така. Победи во многу битки, но оваа со најлутиот противник-ковидот ја изгуби, пишуваат српските медиуми.

„Ана го сакаше животот. Секогаш ведра и насмеана, брза и помалку блесава, толку колку што е потребно оваа наша работа да тече со леснотија, со што помалку тензичност. Беше одличен доктор, интелигентна и способна. Во нејзините триесетти ѝ беше дијагностицирана бубрежна инсуфициенција, мораше да оди на дијализа, но не престана да работи. Со ваква дијагноза и покрај сите ризици, таа роди прекрасна ќерка која ја обожаваше. Во тие мигови веќе доби една животна битка, онаа за потомство“, раскажува нејзин близок пријател и колега.

Тој открива дека Ана со години чекала трансплантација на бубрег и дочекала, со низа компликации кои само на здравствен работник можат да му се случат.

„Продолжи да работи и во време на пандемија, иако тоа беше максимално ризично за личност која е на имуносупресивна терапија. Лекувајќи други се зарази со Ковид и денеска засекогаш не’ напушти. Ана е мојот херој, тивок, благороден, ненаметлив јунак кој победува со насмевка. Ана е еден од најголемите борци за кои сум слушнал во животот. Оваа приказна ја споделив затоа што мораме да знаеме кои се вистинските херои и идоли“, завршува нејзиниот пријател скршен од болка.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Непрепознатлив: Филипче со виткана коса (ФОТО)

Тешко дека ќе го препознаете Многу познати Македонци досега споделиле стари фотографии на социјалните мрежи евоцирајќи убави спомени од времето што им недостасува. За жал, политичарите не се дел од оваа група, па новинарите најчесто сами „копаат“ по нивните профили за да пронајдат нешто интересно. Нам овојпат не’ инспирираше човекот […]