fbpx

Трогателно: По еден месец, таткото на Матеј проговори за ова!

Таткото на 27-годишниот Матеј Периш, момчето од Сплит кое исчезна во Белград ноќта помеѓу 30 и 31 декември, се’ уште верува дека неговиот син е жив.

Ненад Периш не губи надеж и преку медиумите повторно му се обрати на своето чедо.

„Не треба ништо да му порачам. Матеј ме познава и знае дека нема ништо да го прашувам“, вели тој.

По цел месец, несреќниот родител откри и нови моменти од истрагата.

„Тоа што го знам е дека мобилниот бил во реката и дека стигнал до Големиот воен остров. Немаме слика ниту од негово влегување ниту од негово излегување од водата. Тоа што го уочив гледајќи го материјалот од сигурносните камери е дека Матеј трипати застанувал таксисти. Со двајцата не комуницирал, туку само со третиот кој одбил да го вози. Тоа многу зборува дека дефинитивно сакал некаде да замине“, тврди Периш.

Повеќе на истата тема:

Оваа слика за Матеј во телефонот на Маја ги шокира сите (ФОТО)

Нова мистерија во случајот со Матеј: Која е таинствената девојка?

Ненад призна дека е во контакт и со неговите пријатели.

„Вчера се слушнав со еден од нив. Ниту тие не знаат што е со Матеј. Тажни се како и јас, но не знаат што се случило таа вечер во клубот „Готик“. Видеото со Матеј покрај реката мене не ми значи ништо. По тоа не би заклучил дека мојот син скокнал во реката. Но, неговиот мобилен укажува баш на спротивното. Веќе не знам што да мислам“, завршува тој.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Голема загуба: Јована скршена од болка

Нејзината смрт ја скрши! Познатата српска водителка Јована Јеремиќ не може да се помири со лошата вест која штотуку ја дозна. Во Белград на 56-годишна возраст ненадејно почина Ксенија Вучиќ, поранешната сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, и очигледно блиска пријателка на Јеремиќ. „Многу тешко ја прифатив оваа вест. Ксенија […]