fbpx

Луѓе, жално е: Михаела се прости од младиот Јован, една работа ги вознемири сите

За голготата и за наводните бесмислици

Не стивнуваат реакциите по смртта на 25-годишниот Јован Димовски од Берово кој, како што тврди неговото семејство, починал од сепса откако му била направена интервенција на заб во Клиничката болница во Штип.

Неговата братучетка Слаџана Ризинска во потресно сведоштво за „ММС.мк“ претходно откри дека Јован имал тешко детство со неговиот брат и дека мајка им ги израснала сама.

Во меѓувреме се огласи и Спец. д-р Ѓорги Ивановски со статус кој предизвика жестоки реакции во јавноста. Една работа ги вознемири сите, а тоа е дека наводно некој повторно се обидува да ги амнестира од одговорност здравствените работници.

Со сличен став е и младата Михаела Довичинска.

„Луѓе, жално е. Жално е што сме доведени до степен да се тешиме со „може така требало да биде“. НЕ! Не требало и не, не треба. Не е до „така требало да биде“, до пропаднатиот здравствен систем е, до неодговорноста на поединци кои и не треба да бидат дел од медицинската фела е, до негрижата е, до отсуството на совест е, до купените дипломи е, до вработувањата со врски е. Жално е до кој степен имаме стигнато. Губиме млади животи и сите се оградуваме од одговорноста, а одговорни сме. Сите. Со секое „тоа е, така требало да биде“, со секое „не е само кај нас, секаде може да се случи“. Не. Не може секаде. Може само во држави со НЕФУНКЦИОНАЛЕН „здравствен“ систем, само во држави во кои НИКОЈ и НИКОГАШ не сноси одговорност“, напиша таа на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Гол грб и шик фризура: Викторија Лоба конечно невеста, венчаницата остава без здив (ФОТО)

Викторија Лоба конечно се омажи за својот долгогодишен партнер Ѓорѓи Калешов. Популарната македонска пејачка се заколна на вечна љубов на интимна церемонија во Охрид, а првата фотографија на која позира со идниот сопруг и која ја сподели на социјалните мрежи е пред црквата Св. Јован Канео. За најубавиот ден во […]