fbpx

Македонската дива не старее: Погледнете ја Калиопи како невеста (ФОТО)

Македонската поп-дива Калиопи Букле и актерот Васил Зафирчев во 2004 година се заколнаа на вечна љубов во црквата „Света Петка“.

Потоа направија голема свадба во еден познат скопски хотел каде на едно место се собраа естрадни фаци, претставници од дипломатскиот кор, новинари, но и медиумски неекспонирани блиски пријатели на младенците.

Црковен кум им беше актерот Дејан Лилиќ, а сведок во матично, кралицата на ромската песна, Есма Реџепова.

Тања Кочовска, Олгица Христовска, Тоше, Каролина, Владо Јаневски и Виолета Томовска беа дел од пејачите што таа вечер се фатија за микрофон. Славе Димитров специјално за брачната двојка ја отпеа легендарната „Чија си“, а изненадување плус за присутните беше стомачниот танц од две атрактивни танчарки.

На свадбата запеа и самата Калиопи, а меѓу другите песни, на Васил му го посвети српскиот евергрин „Беле руже“, по што тој ѝ подари цвеќе. Беше тоа настан за паметење.

Во 2011 година двојката се раздели, но нивниот аутфит е нешто за коешто уште долго ќе се раскажува.

Следни Објави

Македонија тагува: Сите се простуваат од Цветковски

Почина Пеце Цветковски-Џигер, долгогодишен кошаркарски работник. Тажната вест ја потврдија од КК Пелистер. Клубот изрази искрено сочуство до семејството. Битолчани во суперлативи зборуваат за нивниот сограѓанин. Иако подолг период здравјето му беше нарушено, постојано беше присутен на трибините кога настапуваа неговите омилени играчи. Во плодната спортска кариера му беа доверени […]