fbpx

Македонија тагува: Сите се простуваат од Цветковски

Почина Пеце Цветковски-Џигер, долгогодишен кошаркарски работник.

Тажната вест ја потврдија од КК Пелистер. Клубот изрази искрено сочуство до семејството.

Битолчани во суперлативи зборуваат за нивниот сограѓанин. Иако подолг период здравјето му беше нарушено, постојано беше присутен на трибините кога настапуваа неговите омилени играчи.

Во плодната спортска кариера му беа доверени повеќе функции, а едно време беше дел и од скијачкиот клуб Пелистер. Се пензионира во поранешното претријатие „Водостопанство“ од Битола, пишува порталот „Битола њуз“.

Цветковски имаше 69 години.

Фото: КК Пелистер АД Битола

Следни Објави

Трагедија! Девојче почина во основно училиште, една работа ги вознемири сите

Голема трагедија денеска се случи во основното училиште „Деспот Стефан Лазаревиќ“ во белградската населба Звездара. Во школскиот двор ненадејно почина 14-годишна ученичка. Осмоодделенката била со неколку другарки и се движела кон влезот на училиштето, но наеднаш ѝ се слошило и по неколку секунди паднала на земја, пренесуваат српските медиуми. Итната […]