fbpx

Огромна тага! Почина омилениот актер, ја загуби битката со болеста

Почина канадскиот актер Мајкл Копса кој на македонската публика ѝ е најпознат по мегапопуларните научно-фантастични серии „Досие Икс“ и „Фринџ“.

Тажната вест ја потврди неговиот агент Џејми Левит.

„Копса кој се бореше со тумор на мозокот почина во неделата наутро. Ми беше клиент преку две децении и ќе го паметам како сила во нашата заедница, не само како извонреден глумец, туку и како голем уметник, сликар, музичар и добар човек“, изјави Левит за Си-Ен-Ен.

Се огласи и актерката Лусија Франџоне, поранешна сопруга на Мајкл.

„Многу ќе ми недостасуваш, мој драг пријател и ко-родител“, напиша таа.

Со преку 225 наслови, Копса беше и тоа како почитуван од своите колеги и имаше силна работна етика. Еден период беше препознатливо лице на популарниот канал „Халмарк“ појавувајќи се во повеќе ТВ-филмови меѓу кои и познатиот „Божик под ѕвездите“.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ви се појави влага? Потребна ви е само една намирница и ѕидовите ќе ви бидат чисти и суви

Сигурно веќе сте се обиделе да го решите проблемот со влагата и мувлата во вашиот дом, но безуспешно Овој трик ќе ви помогне да имате здрав и чист дом. Во овој преоден период, поради големата разлика на надворешната температура со внатрешната во просторијата која се загрева, доаѓа до кондензација и […]