fbpx

Се сруши и умре: Десетгодишно девојче ненадејно почина, од болницата ја открија причината за смртта

Трагедија!

На десетгодишно девојче ненадејно ѝ се слошило во училиште и починала в болница.

Раи-Лија Парвен Садику била итно хоспитализирана откако минатата среда колабирала додека била на настава, а починала пет дена подоцна.

Раи-Лија другарчињата ја опишале како многу популарно и сакано девојче. Стотици луѓе присуствувале на нејзиниот погреб, меѓу кои и ожалостените наставници од нејзиното школо во Вејкфилд, Велика Британија.

„Беше вредно девојче кое си го сакаше семејството. Ја испративме како што заслужуваше. Со балони и со силни пораки“, изјавиле нејзините роднини.

Се верува дека несреќната ученичка доживеала крварење во мозокот. Оние што ја познавале, ја опишале како здраво дете.

„Ни го скрши срцето. Беше мала убавица, мал ангел. Многу ќе ни недостасува“, напишале на „Фејсбук“ нејзините другарчиња.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Се дават, летаат тупаници: Брутална женска тепачка ги шокира граѓаните (ВИДЕО)

Иако не се знае кога точно се случил овој инцидент, ниту пак се знае која е причината за тепачката, граѓаните се непријатно изненадени од глетката На социјалните мрежи се споделува страшна физичка пресметка меѓу девојки, а како што се дознава, видеозаписот е направен во центарот на Врање. И додека едни […]