Иако не се знае кога точно се случил овој инцидент, ниту пак се знае која е причината за тепачката, граѓаните се непријатно изненадени од глетката
На социјалните мрежи се споделува страшна физичка пресметка меѓу девојки, а како што се дознава, видеозаписот е направен во центарот на Врање.
И додека едни ги осудуваат девојките кои се тепаат на улица која е прометна сообраќајница, други не можат да го „сварат“ фактот што голем број граѓани, главно млади луѓе, фаќаат сеир и се фокусирани на снимање без никаква желба да помогнат да прекине жестокиот дуел.
Полицијата се’ уште се нема огласено, па не е ниту познато кои се главните актерки во овој немил настан.
Не е ниту познато дали против нив ќе биде поднесена пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.