fbpx

Александра (7) почина по роденденот: Причината е страшна, родителите во шок

Седумгодишната Александра Хоуп Кели од Тенеси, САД, трагично почина пред неколку месеци, најверојатно гушејќи се со хелиум од балон од латекс што го добила како роденденски подарок три дена порано.

Како што пишува „Дејли меил“, нејзината мајка Чана најпрво била со неа во собата, за да ја контролира за време на играта со балон. Меѓутоа, подоцна отишла во својата спална соба и ја оставила малата Александра да си игра со балоните.

Кога мајката се разбудила следниот ден и се симнала долу, ја дочекал ужас. Издишаниот балон бил околу главата на Александра.

Таа веднаш го извадила балонот и повикала 911 додека се обидувала да ја реанимира својата ќерка која брзо била преземена од персоналот на итната служба. За жал, немало начин да се спаси.

Се’ уште не е познато дали таа починала од труење со хелиум или од задушување. Извештајот од обдукцијата ќе пристигне за четири до шест месеци.

„Како родител секогаш бев свесна за можноста од задушување со латекс балони, но никогаш не ни помислував дека ризикот постои и кај толку големи балони. Неколку дена по нејзиниот роденден, бев со неа кога таа ги дупна сите балони. Ме праша дали може да го дупне и бројот 7, јас реков дека е во ред. Отидов во собата несвесена за каква било опасност. Спиев кратко, а кога се разбудив ја најдов како лежи на подот од дневната соба, каде што ја оставив. Кратко мислев дека спие, додека не видов балон околу нејзината глава“, напиша мајката.

„Брзата помош и полицијата неуморно се обидуваа да ја оживеат, но безуспешно. Плачев хистерично и бев во целосен шок од она што се случи. Тогаш сфатив дека си го изгубив единственото дете“, вели таа скршена од тага.

Малата Александра била погребана на шести октомври. Сите што присуствувале на погребот носеле сина облека, бидејќи таа ѝ била омилена.

Според Комисијата за безбедност на производите, балоните се водечка причина за гушење.

Децата или ги дуваат ненадуени во устата додека се обидуваат да ги надујат или ги јадат парчињата од балонот откако ќе пукнат. Во двата случаи, балоните завршуваат заглавени во грлото и белите дробови, со што целосно го блокираат дишењето.

Следни Објави

Неверување по смртта на македонскиот пејач: Тоа што го направил за синот ќе ве расплаче

Се’ уште не стивнуваат реакциите по прераната смрт на Далибор Ѓошиќ. По кусо и тешко боледување тој го напушти овој свет на 41-годишна возраст, а остави делата да зборуваат за него. Оние што го познаваа велат дека солистот на „Танец“ кој градеше и успешна кариера на домашната фолк-сцена длабоко посакувал […]