fbpx

Продолжува циклусот силни земјотреси на Балканот: Што го чека регионот?

Анализа на сеизмологот Славица Радовановиќ

Сега можеме да очекуваме во наредните 10 до 15 години дека на некој друг простор на Балканот повторно ќе се случи земјотрес со многу високи магнитуди. Тешко е да се каже каде, но постојат делови во Македонија, Бугарија, Романија, па и источна Србија каде со години немало

По неколкуте силни земјотреси на Балканот, вклучувајќи ги и поранешните југословенски простори, со своја анализа се јави сеизмологот Славица Радовановиќ.

Таа појаснува како стојат работите, што може да очекуваме во иднина и дали воопшто нешто може да се предвиди.

„По сеизмичката активност на Апенинскиот полуостров и неколкуте силни земјотреси во Италија, ние сеизмолозите тогаш рековме дека таа сеизмичка активност ќе се прелее на Балканскиот полуостров каде долги години немало посилни земјотреси, а особено во тој приморски дел каде последниот потрес беше 1979 година во Црна Гора. Подоцна се случи Албанија која, исто така, со години немаше посилни потреси, па почна сеизмичка активност кај Загреб за потоа да се случи и онаа катастрофа кај Петриња“, објаснува Радовановиќ, поранешна директорка на Сеизмолошкиот завод во Србија.

По силните потреси во Хрватска на крајот од 2020 година, таа тогаш ги смируваше жителите на Загреб и на Петриња дека не треба да стравуваат од нови силни потреси. Рече дека е потребно значајно време за во тој регион да се обнови таков силен земјотрес.

– Никој на тој простор не треба сега да стравува, но постојат други делови на Балканот каде долго немало посилни потреси, а сезимичката активност полека растеше. Кога велам Балкански полуостров мислам се’ до Истанбул. Низ историјата имало случаи кога за неколку години се случиле повеќе силни земјотреси. Сетете се на 1963 година во Скопје, па 1969 година во Бања Лука. Сега можеме да очекуваме во наредните 10 до 15 години дека на некој друг простор на Балканот повторно ќе се случи земјотрес со многу високи магнитуди. Тешко е да се каже каде, но постојат делови во Македонија, Бугарија, Романија, па и источна Србија каде со години немало – објаснува таа.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Панчо од „ДНК“ жртва на измама: Луѓе, отворете очи!

Драги наши. На 12ти јануари имавме чест да бидеме дел од традиционалниот вевчански карневал на кои настапивме со целиот наш бенд и кој воедно многу го почитуваме како македонски традиционален настан. Атмосферата беше феноменална, публиката одлична, но за да не биде се така розево се погрижи ликот Александар ЦЕЗАР Коневски […]