fbpx

Ова боли! Сузе неутешна по неговата смрт

Денешниот ден е особено тажен за познатата пејачка, водителка и писателка

Сузана Турунџиева му посвети емотивен статус на прерано починатиот брат.

„Едно братче на Небото денес слави роденден. Панде. Среќен роденден на сите родени на 19-ти април“, напиша таа под колажот фотографии што ги објави на „Фејсбук“.

Турунџиева го негува споменот за сите прекрасни луѓе кои биле дел од нејзиното најблиско опкружување, а кои прерано го напуштија овој свет. Меѓу нив е и нејзиниот сопруг, татко на нејзината помлада ќерка Матеа.

Таа во 2016 година му посвети и книга во која, како што самата напиша, се сместени најсреќните и најтажните моменти од нивната долгогодишна љубовна приказна.

„Постојано ми велеше дека животот е долг, дека има време.. Животот бил пред нас, и да не се грижам за ништо кога те имам тебе.. Велеше: Ќе имаме многу време злато мое и за да пропатуваме и за да ги посетиме сите земји кои ти се омилени. Јас жестоко ти се спротивставував и се обидував да те опоменам, да те потсетам дека не е така и дека животот е безобразно краток, суров и непредвидлив.. Не успеав.. Не успеав да ја променам судбината, да ти помогнам, да ја спасам нашата љубов, да го премости и тој кобен 28-ми јули, кога без збогум и предупредување ми заспа засекогаш.. А што се не сме претргале заедно.. Милион бури и невремиња.. Затоа решив да пишувам сонце мое.. пишував за нас, за тебе.. Ред солзи, ред букви.. Напишав лектира за љубовта, ВИСТИНСКАТА.. Да им помогне да научат да љубат на сите кои не љубеле и не биле љубени бар еднаш во животот! Ти благодарам што ме научи што е љубов, и што беше најдобриот дел од мојот живот.. И засекогаш ќе бидеш! До нашата следна средба, НЕ ВЕЛИ ЗБОГУМ љубов моја“, напиша Сузе во посветата на книгата.

Следни Објави

Ова е девојката која му го пресече вратот на Никола: Една работа е особено страшна (ФОТО)

Страшно злосторство и напад се случи во центарот на Зворник, на бензинска пумпа, кога малолетниот ракометар Никола Т. едвај го преживеа бруталниот напад и обидот за убиство. Го нападнала девојка со иницијали И.Л. која веќе била позната по проблематичното однесување. Наводно, ракометарот воопшто не ја запознавал. „Имала психички проблеми, а […]