fbpx

Ова е девојката која му го пресече вратот на Никола: Една работа е особено страшна (ФОТО)

Страшно злосторство и напад се случи во центарот на Зворник, на бензинска пумпа, кога малолетниот ракометар Никола Т. едвај го преживеа бруталниот напад и обидот за убиство.

Го нападнала девојка со иницијали И.Л. која веќе била позната по проблематичното однесување. Наводно, ракометарот воопшто не ја запознавал.

„Имала психички проблеми, а слушнавме и дека неодамна била отпуштена од психијатриска болница“, сведочат за „Курир“ пријатели на младиот спортист.

Тие раскажуваат дека ракометот му бил сè и се надеваат дека брзо ќе закрепне и дека ќе може да ја продолжи кариерата.

„Прекрасно момче, спортист, никогаш со никого не се замерил, затоа и болката е голема. Ракометот му е сè, тој толку напорно работеше да биде подобар, а на крај заврши во болница поради жена што не ја ни познава“, велат тие.

Според последните сознанија, девојката го нападнала Никола со остар предмет во пределот на вратот. По шокантниот напад, младиот ракометар бил испратен на лекарска помош во болницата во Зворник, каде му биле констатирани полесни физички повреди, иако раната била долга осум сантиметри.

Веднаш бил известен дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Бјелина, по чиј предлог на осомничената ѝ е одреден триесетдневен притвор.

Следни Објави

По забавата заминала со Иван, следното утро ја пронашле мртва во нива: Деталите ќе ве шокираат

Бриса Абрил Формосо Собрадо (19) е силувана, па задавена со панталони недалеку од Буенос Аирес, а ова несекојдневно злосторство ја вознемири цела Аргентина. Обдукцијата покажала дека мајката на деветмесечно бебе прво била сек*суално злоставена, а дека починала од компресија во пределот на вратот предизвикана од давење со панталони, пренесува „Кроника“. […]